Јога за почетници I - 30 Дневна Програма
Вовед во традиционалната интегрална јога
Започнете ја вашата јога патека со оваа 30-дневна програма дизајнирана за почетници. Ќе научите основни положби, техники за дишење и релаксација, сè во пријатна и поддржувачка атмосфера.
Снимени онлајн часови кои можете да ги практикувате од дома.
Јога за почетници II - 30 Дневна Програма
Продолжување на патеката во интегралната јога
Оваа 30-дневна програма е наменета за оние кои ја завршиле првата програма или веќе ги познаваат основите на јога. Ќе ги продлабочите научените положби, ќе воведете нови асани, техники за дишење и подлабока практика на релаксација и медитација, со цел постепено да изградите стабилност, флексибилност и свесност.
Снимени онлајн часови кои можете да ги практикувате од дома.
Јога програми за средно ниво
Јога за средно ниво I - 30 Дневна Програма
Надоградување на практиката од почетната програма
Со два нови часа неделно, програмата ве води низ нови положби, техники за дишење, фокус и опуштање. Со нежни движења, концентрација и свесност за дишењето во практиките се продлабочува контактот со телото и умот.
Снимени онлајн часови кои можете да ги практикувате од дома.
Јога за средно ниво II - 30 Дневна Програма
Продолжување и продлабочување на јога практиката
Оваа 30-дневна програма е продолжение на „Јога за средно ниво I“ и е наменета за оние кои сакаат уште повеќе да ја развијат својата практика. Програмата вклучува понапредни асани, подолги секвенци и подлабока работа со здивот и концентрацијата, помагајќи ви да изградите поголема сила, флексибилност и внатрешна стабилност.
Снимени онлајн часови кои можете да ги практикувате од дома.
Тематски јога програми
Хата јога – 60 Дневна Програма
Основи на традиционалната Хата јога
Онлајн програма наменета за лица со претходно искуство во јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика. Можност да се искусат техниките на овој древен систем во денешни услови за унапредување на здравјето, подобро разбирање на себеси и поисполнето живеење. Континуитетот во вежбањето со два часа неделно во тек на два месеци ќе ви овозможи да ги освестите ефектите и постепено да ги интегрирате позитивните промени во животот.
Сите часови се претходно снимени, што значи дека можете да ги практикувате во вашето темпо, дома, без притисок, секој ден од програмата.
Yoga Nidra - 75 Дневна Програма
Длабока релаксација преку водена медитација
Откријте ја моќта на Yoga Nidra со оваа 75 дневна програма. Преку водени онлајн сесии, ќе научите техники за длабока релаксација, ослободување од стрес и подобрување на квалитетот на спиењето.
Сите часови се претходно снимени, што значи дека можете да ги практикувате во вашето темпо, дома, без притисок, секој ден од програмата.
Редовни месечни програми
Редовна месечна програма – Напредна група
Напредни онлајн часови за континуирано напредување
Оваа програма е дизајнирана за напредни практиканти кои сакаат да ја продлабочат својата јога практика. Двапати неделно ќе следите онлајн часови, со различни техники, положби и медитативни практики за витално тело и смирен ум.
Часовите се отвораат секоја недела, овозможувајќи ви да го следите темпото на програмата и да се придржувате до редовна практика, дури и од дома.
Често поставувани прашања
Колку време имам пристап до часовите по купување на програмата?
Веднаш по купувањето добивате целосен пристап до сите достапни часови. Пристапот трае колку што е долга програмата – на пример, 30 дена, 60 дена или 75 дена, зависно од програмата што ја избирате. По завршувањето на програмата, ќе треба повторно да ја купите за да продолжите со гледање на часовите.
Дали можам да се приклучам на повеќе програми истовремено?
Да! Можете да се пријавите на повеќе програми истовремено. Секоја програма има свој период на пристап и сопствени часови, па можете да учествувате во различни програми со свое темпо.
Дали часовите се достапни на сите уреди?
Да! Нашите програми се достапни на компјутер, таблет и мобилен телефон. Сè што ви треба е интернет прелистувач.
Дали можам да ги гледам часовите повторно?
Да, можете да ги гледате часовите онолку пати колку што сакате, во периодот на траење на програмата. По завршувањето на програмата, пристапот се прекинува и ќе треба да купите повторно за продолжување.
Дали се разликува времетраењето на програмите?
Да, нашите програми имаат различно времетраење – некои се редовни месечни програми, други се 30-дневни, 60-дневни или 75-дневни програми. Времетраењето го одредува и периодот на пристап до часовите.