Редовна програма – Напредна група

1,200.00 MKD

Редовна месечна програма - напредна група е онлајн програма која е покана да се движиш свесно, да создадеш простор за себе и да ја продлабочиш својата јога практика чекор по чекор.

Со постепено отклучување на часовите, добиваш време да ги интегрираш движењата, здивот и присуството — без брзање, без притисок.

Oсум часа

Едно-часовни вежби

Напредно ниво

Достапно 30 дена

За програмата

Редовна месечна програма - напредна група е онлајн програма која е покана да се движиш свесно, да создадеш простор за себе и да ја продлабочиш својата јога практика чекор по чекор.

Со постепено отклучување на часовите, добиваш време да ги интегрираш движењата, здивот и присуството — без брзање, без притисок.

Оваа месечна онлајн јога практика е простор за движење, свесност и враќање кон себе. Часовите се отклучуваат постепено, создавајќи природен ритам кој те поддржува во градење на редовна и одржлива практика.

При месечна претплата на програмата, редовниот час се отклучува секој вторник и петок. Минатите часови од тековниот месец се достапни во архивата.

Како функционира?
  • Секоја недела се отклучуваат два нови часа, на однапред одредени датуми.
  • Откако ќе се отклучи, часот останува достапен за понатамошна практика.
  • Можеш да се приклучиш во било кој момент во текот на месецот — практиката те чека.
Што добиваш?
  • 8 онлајн јога часови месечно
  • Водени практики со јасна структура
  • Предавања на крај на часот за поголемо разбирање на практиката
  • Простор за сила, флексибилност и смирување
  • Вежбање во сопствено темпо, од дома
  • Варијанти и прилагодувања за одредени здравствени промени
Пристап и времетраење

• Пристапот започнува веднаш по купувањето.
• Новите часови се отклучуваат постепено, а програмата се купува на месечно ниво.

Ниво и подготвеност

Програмата е наменета за лица со претходно искуство во јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика.

Потребно е:

  • редовна и стабилна јога практика
  • познавање на основните асани и техники на дишење
  • свесност и контрола на сопственото тело
  • подготвеност за физички и ментални предизвици
  • љубопитност за подлабоко истражување на движењето и здивот
  • почитување на личните граници и потреби

Практиката бара фокус, дисциплина и одговорен пристап.

Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите моментални можности.

Содржина на час
  • Подготвителни физички техники - Вјајама
  • Статични и динамични положби - Асани
  • Техники за дишење - Пранајама
  • Концентрација - Дарана
  • Медитација - Дијана
  • Релаксација
  • Осврти на одредени филозофски принципи за подлабоко разбирање на практиката и посвесно живеење
Редовна програма – Напредна група

Слични програми