Јога за почетници I - 30 Дневна Програма
1,200.00 MKD
Јога за почетници I – 30 дневна програма е онлајн вовед во јога практиката со постепено водени часови, наменети за лица без претходно искуство.
Програмата нуди јасна структура, сигурно темпо и флексибилност за вежбање од дома, со пристап од 30 дена по купувањето.
Јога за почетници I е 30 дневна онлајн програма создадена како безбеден и поддржувачки вовед во јога практиката.
Програмата нуди јасна структура, постепено темпо и простор за учење, движење и развивање свесност кон телото и здивот.
Часовите се внимателно осмислени и се отклучуваат постепено, овозможувајќи ти да градиш стабилна и одржлива јога практика, чекор по чекор.
По купувањето на програмата, часовите се отклучуваат редовно секој понеделник и среда, односно два пати неделно.
- Во период од 30 дена, се отклучуваат снимени онлајн часови по однапред одреден распоред
- Часовите се достапни за практикување веднаш по нивното отклучување
- Откако ќе се отклучи, секој час останува достапен до истекот на програмата
- Можеш да започнеш во било кој момент – програмата те води од самиот почеток
- Систематска јога програма за почетници
- Јасно водени часови со објаснување на основни јога позиции
- Делови на крај на часот за втемелување на јогиските принципи и квалитети
- Фокус на правилно движење, здив и телесна свесност
- Градење сила, флексибилност и стабилност
- Вежбање во сопствено темпо, од дома
- Адаптации на програмата со конкретни варијанти при здравствени промени.
- Пристапот започнува веднаш по купувањето
- Програмата е достапна 30 дена од датумот на купување
- Сите часови се отклучуваат постепено во текот на програмата
Програмата е наменета за целосни почетници и лица кои сакаат да се вратат на основите на јога практиката.
Не е потребно претходно искуство со јога.
Потребна е само:
- подготвеност за учење
- љубопитност и трпение кон сопственото тело
- почитување на личните граници и потреби
Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите можности.
- Подготвителни физички техники - Вјајама
- Статични и динамични положби - Асани
- Техники за дишење - Пранајама
- Релаксација и објаснувања на основните принципи кои се битни за успех во практиката.