Јога за почетници I - 30 Дневна Програма

1,200.00 MKD

Јога за почетници I – 30 дневна програма е онлајн вовед во јога практиката со постепено водени часови, наменети за лица без претходно искуство.


Програмата нуди јасна структура, сигурно темпо и флексибилност за вежбање од дома, со пристап од 30 дена по купувањето.

Осум часа

Едно-часовни вежби

Почетно ниво

Достапно 30 дена

За програмата

Јога за почетници I е 30 дневна онлајн програма создадена како безбеден и поддржувачки вовед во јога практиката.
Програмата нуди јасна структура, постепено темпо и простор за учење, движење и развивање свесност кон телото и здивот.

Часовите се внимателно осмислени и се отклучуваат постепено, овозможувајќи ти да градиш стабилна и одржлива јога практика, чекор по чекор.

По купувањето на програмата, часовите се отклучуваат редовно секој понеделник и среда, односно два пати неделно.

Како функционира?
  • Во период од 30 дена, се отклучуваат снимени онлајн часови по однапред одреден распоред
  • Часовите се достапни за практикување веднаш по нивното отклучување
  • Откако ќе се отклучи, секој час останува достапен до истекот на програмата
  • Можеш да започнеш во било кој момент – програмата те води од самиот почеток
Што добиваш?
  • Систематска јога програма за почетници
  • Јасно водени часови со објаснување на основни јога позиции
  • Делови на крај на часот за втемелување на јогиските принципи и квалитети
  • Фокус на правилно движење, здив и телесна свесност
  • Градење сила, флексибилност и стабилност
  • Вежбање во сопствено темпо, од дома
  • Адаптации на програмата со конкретни варијанти при здравствени промени.
Пристап и времетраење
  • Пристапот започнува веднаш по купувањето
  • Програмата е достапна 30 дена од датумот на купување
  • Сите часови се отклучуваат постепено во текот на програмата
Ниво и подготвеност

Програмата е наменета за целосни почетници и лица кои сакаат да се вратат на основите на јога практиката.

Не е потребно претходно искуство со јога.

Потребна е само:

  • подготвеност за учење
  • љубопитност и трпение кон сопственото тело
  • почитување на личните граници и потреби


Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите можности.

Содржина на час
  • Подготвителни физички техники - Вјајама
  • Статични и динамични положби - Асани
  • Техники за дишење - Пранајама
  • Релаксација и објаснувања на основните принципи кои се битни за успех во практиката.
Јога за почетници I - 30 Дневна Програма

Слични програми