Центар за јога Дармакаја

Традиционална интегрална јога, во студио и онлајн

Види Програми

Неделен распоред - часови во студио

Почетна група

Понеделник и Среда - 17:45

Јога за почетници, основи на дишење и движење

Средна група

Вторник и Четврток - 18:00
Вторник и Четврток - 19:10

Умерено ниво, за подобрување на сила и флексибилност

Утринска јога

Вторник и Четврток - 10:00

Освежувачка утринска пракса за енергија и фокус

Напредна група

Вторник и Четврток - 20:20

Интензивни вежби за напредни практиканти и јога предизвици

Прана

Животна енергија. Здив.

За нас

Во Центарот за јога Дармакаја практикуваме психофизички техники – асани, техники на дишење - пранајама, концентрација - дарана, медитација - дијана и техники на јогиска релаксација. Нивната взаемна комбинација овозможува продлабочување на состојбата на телесна и ментална опуштеност, подобрување на подвижноста и еластичноста на телото, регулирање на сонот и апетитот, енергетска урамнотеженост, превенирање на заболувања, зајакнување на имунитетот и подобрување на општата здравствена состојба, како и постигнување поголема ментална стабилност и фокус за подобро функционирање во секојдневието.

Часовите се одржуваат во пријатна и поддржувачка атмосфера, во која секој практикант е поттикнат да воспостави посвесен однос со своето тело и ум. Проследени се и со куси појаснувања на одредени философски аспекти на јогата, со насоки за нивно практикување во секојдневието и унапредување на квалитетот на животот. Притоа, водството не се сведува само на следење на движењата, туку претставува поддршка во процесот на истражување и среќавање со себе.

Прочитај повеќе

Тело · Ум

Онлајн програми

Водени практики и тематски програми по интегрална јога, достапни онлајн и прилагодени за различни нивоа

Јога за почетници - 30 Дневна Програма

Јога за почетници - 30 Дневна Програма

Вовед во традиционалната интегрална јога

Започнете ја вашата јога патека со оваа 30-дневна програма дизајнирана за почетници. Ќе научите основни положби, техники за дишење и релаксација, сè во пријатна и поддржувачка атмосфера.

Снимени онлајн часови кои можете да ги практикувате од дома.

Yoga Nidra – 75 Дневна Програма

Yoga Nidra – 75 Дневна Програма

Длабока релаксација преку водена медитација

Откријте ја моќта на Yoga Nidra со оваа 75 дневна програма. Преку водени онлајн сесии, ќе научите техники за длабока релаксација, ослободување од стрес и подобрување на квалитетот на спиењето.

Сите часови се претходно снимени, што значи дека можете да ги практикувате во вашето темпо, дома, без притисок, секој ден од програмата.

Редовна месечна програма – Напредна група

Редовна месечна програма – Напредна група

Напредни онлајн часови за континуирано напредување

Оваа програма е дизајнирана за напредни практиканти кои сакаат да ја продлабочат својата јога практика. Двапати неделно ќе следите онлајн часови, со различни техники, положби и медитативни практики за витално тело и смирен ум.

Часовите се отвораат секоја недела, овозможувајќи ви да го следите темпото на програмата и да се придржувате до редовна практика, дури и од дома.

Ако редовно практикуваш јога,

Редовна програма - Напредна група е за тебе

Насоки за вежбање дома

  • Пронајдете мирно место во домот, доволен е простор колку да можете да легнете. Местото одржувајте го чисто и проветрено; по можност нека биде само за јога.
  • Носете лесна, комотна облека во која ќе се чувствувате пријатно, по можност од природни материјали. Облеката нека биде само за јога.
  • Вежбајте боси или по чорапи.
  • Користете подлога за вежбање (јога мат/чергиче/крпа).
  • По потреба, обезбедете си перниче за седење или лежење.
  • Вежбајте рано наутро или приквечер.
  • Секогаш вежбајте на празен стомак, минимум два часа по оброк. Половина час по вежбањето не јадете и не пијте течности.
Прочитај повеќе

Тело · Ум

Искуства со јога

Откако почнав да вежбам јога се препородив! Вежбам дома преку интернет бидејќи живеам во Загреб и со години живеам стресен живот затоа што работам со секакви луѓе, а и секогаш брзам да направам се' а не оди! Работам во трафика каде што цел ден стојам на нозе и кревам тешки предмети. Откако почнав да вежбам јога животот ми се промени. Прво, чувствувам таков мир во душата што не ми се верува, а второ, телото почна да зборува друг јазик! Прво ми се обликува убаво и ништо не ме боли, кога се будам одморена сум, без болки и со насмевка на лицето. Препорачувам на секого да почне да вежба јога со Љупка затоа што жената така убаво и смирено објаснува со топлина во гласот и задоволство е да ја слушаш и гледаш, те мотивира многу.

— Ада, почетна група

Имав малку застој со со јогата поради корона, но сега полека се враќам назад со часовите. Инаку ми се допаѓа периодов што има воведено како мали лекции на крај од часот, некако ми фалеше таков дел покрај вежбањето насочување и ме мотивира повеќе да читам и применувам. Периодот кога престанав да одам на јога некако се оддалечив доста. Сега дури се вратив од Скопје снабдена со литература за јога што ми се виде добра.

— Александра, напредна група

Се' повеќе сакам да вежбам и да живеам со јогата 24/7. Мислам дека развивам многу голема свесност за сите работи што ми се случуваат, освестувам како се чувствувам, зошто, што да променам за да ми биде подобро, работам на себе како да се ослободувам од стресот (невработена, две деца, малку помош, малку дружење, пандемија и сл.).Те следам дисциплинирано за се' и те слушам. Концептот на сите часови е одличен. Многу ми значат и предавањата, целото време што го трошиш за да ни ги прошириш видиците и надвор од асаните.Благодарна сум што те имам.

— Тања, напредна група

Извежбано доцна синоќа и уште ме држи добра енергија и болките во вратот што ги имав цел ден вчера исчезнаа.Бескрајно благодарна за се што ни даваш и ни подаруваш несебично.Благодарение на тебе живееме посвесно затоа што не учиш да бидеме ментално смирени и присутни сега и тука, да се спознаеме подобро себеси а со тоа и другите околу нас.

— Снежана, напредна група

Од часовите сум многу задоволна, се чувствувам многу подобро откако вежбам. Можам да кажам дека честите главоболки кои ги имав во минатото, речиси исчезнаа и навистина сум среќна заради тоа. Вежбањето многу ми помага за справување со стресот и релаксација.Многу ми се допаѓаат објаснувањата кои ги давате на крајот на часот. Јогата ја доживувам како учење кое може да биде многу корисно во секојдневниот живот, а особено ги наоѓам корисни јогиските принципи.

— Сања, напредна група

Со ќерката вежбаме јога редовно. После короната кај мене (не)флексибилноста на зглобовите се врати како на почетокот, но се трудам да ги правам вежбите во онаа варијанта во која се чувствувам најдобро. Чувствувам голем напредок кога станува збор за примање не баш пријатни информации или учество во разговори на негативни теми кои ни ги наметнува целата оваа ситуација. Многу често на работа кога ќе се започнат негативни разговори се насочувам само кон кафето што го пијам и неговиот вкус и не дозволувам тие муабети да допрат до мене. Скоро секој ден кога одмарам инстинктивно почнувам да се насочувам само кон дишењето и самиот одмор е поефикасен.
Ти благодарам за сите часови што ни ги праќаш и целата твоја ангажираност.

— Катица, напредна група

Почнав со јога од мака, дискус хернија во вратниот дел од ‘рбетот, постојано бев со болки и крајно разочарана. Но, за прв пат одлучив да бидам доследна, да издржам и да му дадам команда на моето тело да работи. Вежбав буквално секој ден, некогаш имав големи болки, но едно утро престана да боли. По осум месеци вежбање јога како подарок добив убаво тело со дефинирани мускули, флексибилност, подвижност и енергија, а при тоа загубив 15 килограми и конечно станав ментално посмирена.
Ти благодарам Љупка, те сакам, Алекс

— Александра, редовна група

Одлични се часовите и со теоретскиот дел, од лани секој ден вежбам јога освен еден ден во неделата. Со тибетските вежби почнав да слабеам и со поздрав начин на исхрана сега сум 12 килограми ослабена. Во почетокот некои вежби не успевав да ги направам, како на пример свеќата, но малку по малку се ослободив и почнав да ја правам. Со јога нидра си откривам секогаш нова работа за себе. Јогата ми стана секојдневна практика.

— Оливера, напредна група

Санкалпа

Длабоко вкоренета намера