Насоки за вежбање дома

  • Пронајдете мирно место во домот, доволен е простор колку да можете да легнете. Местото одржувајте го чисто и проветрено; по можност нека биде само за јога.
  • Носете лесна, комотна облека во која ќе се чувствувате пријатно, по можност од природни материјали. Облеката нека биде само за јога.
  • Вежбајте боси или по чорапи.
  • Користете подлога за вежбање (јога мат/чергиче/крпа).
  • По потреба, обезбедете си перниче за седење или лежење.
  • Вежбајте рано наутро или приквечер.
  • Секогаш вежбајте на празен стомак, минимум два часа по оброк. Половина час по вежбањето не јадете и не пијте течности.
  • По часот не правете интензивни активности.
  • Чувствувајте задоволство, направете од вежбањето мал ритуал само за себе.
  • Обидете се да ја задржите свесноста и присутноста сега и тука во вежбите. Чувствувајте се’ што ви се случува додека ја правите вежбата.
  • Вежбите правете ги лесно, без напрегање, само колку што ви е пријатно, при секоја непријатност запрете и пробајте да се опуштите.
  • Пред и по вежба опуштајте се.
  • Бидете свесни дека јогата не е спорт и не се натпреварувајте со себе колку можете да вежбате. Поважно е како, а не колку.
  • Бидете свесни дека вежбајќи правите нешто добро за себе.