Центар за јога Дармакаја
Со пристапување и користење на веб-страницата на Центар за јога Дармакаја, корисникот се согласува со следните Услови на користење.
1. Општи одредби
Овие Услови ги регулираат правата и обврските помеѓу Центар за јога Дармакаја и корисниците во врска со користењето на онлајн програмите, курсевите и содржините што се нудат преку веб-страницата.
2. Регистрација и корисничка сметка
За да купи или пристапи до онлајн програма, корисникот е должен да креира корисничка сметка (логирање).
Корисникот е одговорен за точноста на податоците при регистрација и за чувањето на доверливоста на своите податоци за најава.
3. Видови програми и услуги
Центарот нуди:
- Месечни онлајн програми со претходно снимени (prerecorded) часови
- Програми со времетраење од повеќе месеци
- Редовни онлајн месечни програми со часови на одредени датуми и термини секоја недела
Деталите за секоја програма (содржина, времетраење, начин на одржување) се јасно наведени на веб-страницата.
4. Купување и пристап до содржина
По успешно извршено плаќање:
- Корисникот добива пристап до купената програма преку својата корисничка сметка
- За месечни програми, пристапот обично трае 30 дена од датумот на активирање
- За програми со повеќемесечно времетраење, пристапот трае за целиот период на програмата
По истекот на периодот на пристап, корисникот нема да може да ја користи содржината, освен ако повторно не купи или обнови програма.
5. Начин на користење
Содржината (видеа, материјали, часови) е наменета исклучиво за лична употреба.
Не е дозволено:
- Споделување на корисничка сметка со трети лица
- Снимање, копирање, преземање или дистрибуција на содржината без писмена дозвола од Центарот
- Комерцијално користење на содржината
6. Плаќања и рефундации
Сите плаќања се вршат однапред.
По активирање на пристапот до дигиталната содржина, рефундација (поврат на средства) не е можна, освен ако поинаку не е наведено или ако тоа го бара закон.
7. Одговорност и здравствено известување
Онлајн јога часовите и програмите се наменети за општа едукација и вежбање.
Корисникот е одговорен да процени дали програмата е соодветна за неговата здравствена состојба.
Центар за јога Дармакаја не презема одговорност за повреди или здравствени последици што може да настанат при практикување без соодветно внимание или медицинска консултација.
8. Измени на условите
Центарот го задржува правото да ги измени овие Услови на користење во кое било време. Измените стапуваат на сила со нивно објавување на веб-страницата.
9. Контакт
За сите прашања поврзани со користењето на веб-страницата, програмите или услугите, ве молиме контакт-формата или наведените контакт податоци:
- Телефон: +38971363326
- Е-пошта: yogadarmakaya@gmail.com
- Адреса: Булевар 8-ми Септември, 2/2