Јога за средно ниво I e 30 дневна онлајн програма која те воведува подлабоко во практиката, надоврзувајќи се на почетните програми. Те води до поголема поврзаност со здивот и умот, низ свесни движења, дишења и освестувања на ментални содржини.
Со постепено отклучување на часовите, добиваш време да ги интегрираш движењата, здивот и присуството — без брзање, без притисок.
Оваа месечна онлајн јога практика е простор за движење, свесност и враќање кон себе. Часовите се отклучуваат постепено, создавајќи природен ритам кој те поддржува во градење на редовна и одржлива практика.
По купувањето на програмата, часовите се отклучуваат редовно секој понеделник и среда, односно два пати неделно.
- Секоја недела се отклучуваат два нови часа, на однапред одредени датуми, во период од 30 дена.
- Откако ќе се отклучи, часот останува достапен за понатамошна практика, до истекот на програмата.
- Можеш да се приклучиш во било кој момент во текот на месецот — практиката те чека.
- 8 онлајн јога часови месечно
- Водени практики со јасна структура
- Делови на крај на часот за разбирање на делувањето на јогата
- Простор за сила, флексибилност и смирување
- Вежбање во сопствено темпо, од дома
- Варијанти и прилагодувања за одредени здравствени промени
- Пристапот започнува веднаш по купувањето
- Новите часови се отклучуваат постепено, а програмата се купува на месечно ниво.
- Програмата е достапна 30 дена од датумот на купување
Програмата е наменета за лица со искуство во почетните програми за јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика.
Потребно е:
• редовност во практиката
• познавање на основните асани
• свесност и контрола на сопственото тело
• подготвеност за физички и ментални предизвици
• почитување на личните граници и потреби
Практиката бара фокус, дисциплина и одговорен пристап. Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите моментални можности.
Отклучи ја целата програма
Добиј пристап до сите часови, видеа и материјали и практикувај во свое темпо.