Хата јога - 60 Дневна Програма

2,400.00 MKD

Хата јога - 60 дневна програма е онлајн програма наменета за лица со претходно искуство во јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика.

Можност да се искусат техниките на овој древен систем во денешни услови за унапредување на здравјето, подобро разбирање на себеси и поисполнето живеење.

Континуитетот во вежбањето со два часа неделно во тек на два месеци ќе ви овозможи да ги освестите ефектите и постепено да ги интегрирате позитивните промени во животот.

Шеснаесет часа

Едно-часовни вежби

Средно ниво

Достапно 60 дена

За програмата

Хата јога - 60 дневна онлајн програма те воведува во основите на хата јогата, древен јогиски систем. Ќе ја продлабочиш својата практика со практични јогиски техники и осврт на книгата „Хата-јога Прадипика“, едно од најважните дела во кои е систематизирана оваа дисциплина.
Ќе стекнеш поширока слика за хата јогата и ќе ги искусиш благодетите од нејзиното практикување.

Иако овој систем е создаден пред повеќе векови, сепак е лесно применлив во современиот живот, давајќи му исполнетост и смисла.

Низ ритамот на отклучување на часовите во двомесечен континуитет, со оваа програма постепено ја откриваш сликата за хата јогата, добиваш време да ги интегрираш знаењата, темелно да навлезеш во филозофската позадина на хата јогата и да ги научиш правилно овие древни техники.

По купувањето на програмата, часовите се отклучуваат редовно секој вторник и петок, односно два пати неделно.

Како функционира?
  • Секоја недела се отклучуваат два нови часа, на однапред одредени датуми, во период од 60 дена.
  • Откако ќе се отклучи, часот останува достапен за понатамошна практика, до истекот на програмата.
  • Можеш да се приклучиш во било кој момент во текот на месецот — практиката те чека.
Што добиваш?
  • 16 онлајн јога часови во период од два месеци
  • Детално водени практики од хата јогата
  • Предавања на крај на практичниот дел на секој час
  • Практична примена на древните техники во животот
  • Варијанти и прилагодувања за одредени здравствени промени
  • Вежбање во сопствен ритам, од дома
Пристап и времетраење
  • Пристапот започнува веднаш по купувањето
  • Новите часови се отклучуваат постепено, а програмата е достапна во период од два месеци.
Ниво и подготвеност

Програмата е наменета за лица со претходно искуство во јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика.

Потребно е:

  • редовна и стабилна јога практика
    познавање на основните асани и техники на дишење
  • свесност и контрола на сопственото тело
  • подготвеност за физички и ментални предизвици
  • љубопитност за подлабоко истражување на движењето и здивот
  • почитување на личните граници и потреби

Практиката бара фокус, дисциплина и одговорен пристап.

Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите моментални можности.

Содржина на час

Практични делови:

  • Подготвителни физички техники - Вјајама
  • Статични и динамични положби - Асани
  • Техники за дишење - Пранајама
  • Концентрација - Дарана
  • Медитација - Дијана
  • Релаксација


16 предавања на крај на практичните делови:

  • Како да препознаам што е јога, а што не?
  • Кои се класични форми на јога?
  • Што е хата јога и како функционира нејзиниот внатрешен механизам?
  • Како да се подготвам за практиката?
  • Осврт на Хата-јога Прадипика и објаснувања на нејзините практики.
Хата јога - 60 Дневна Програма

Слични програми