Редовна месечна програма - напредна група е онлајн програма која е покана да се движиш свесно, да создадеш простор за себе и да ја продлабочиш својата јога практика чекор по чекор.
Со постепено отклучување на часовите, добиваш време да ги интегрираш движењата, здивот и присуството — без брзање, без притисок.
Оваа месечна онлајн јога практика е простор за движење, свесност и враќање кон себе. Часовите се отклучуваат постепено, создавајќи природен ритам кој те поддржува во градење на редовна и одржлива практика.
При месечна претплата на програмата, редовниот час се отклучува секој вторник и петок. Минатите часови од тековниот месец се достапни во архивата.
- Секоја недела се отклучуваат два нови часа, на однапред одредени датуми.
- Откако ќе се отклучи, часот останува достапен за понатамошна практика.
- Можеш да се приклучиш во било кој момент во текот на месецот — практиката те чека.
- 8 онлајн јога часови месечно
- Водени практики со јасна структура
- Предавања на крај на часот за поголемо разбирање на практиката
- Простор за сила, флексибилност и смирување
- Вежбање во сопствено темпо, од дома
- Варијанти и прилагодувања за одредени здравствени промени
• Пристапот започнува веднаш по купувањето.
• Новите часови се отклучуваат постепено, а програмата се купува на месечно ниво.
Програмата е наменета за лица со претходно искуство во јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика.
Потребно е:
- редовна и стабилна јога практика
- познавање на основните асани и техники на дишење
- свесност и контрола на сопственото тело
- подготвеност за физички и ментални предизвици
- љубопитност за подлабоко истражување на движењето и здивот
- почитување на личните граници и потреби
Практиката бара фокус, дисциплина и одговорен пристап.
Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите моментални можности.
- Подготвителни физички техники - Вјајама
- Статични и динамични положби - Асани
- Техники за дишење - Пранајама
- Концентрација - Дарана
- Медитација - Дијана
- Релаксација
- Осврти на одредени филозофски принципи за подлабоко разбирање на практиката и посвесно живеење
Зачлени се во редовната група
Претплати се на месечно ниво, за да можеш редовно да ги следиш часовите секоја недела.