Yoga Nidra
Yoga Nidra – 75 дневна програма е онлајн серија од снимени водени практики, со два нови часа неделно во период од 75 дена.
Создадена за длабока релаксација, нервна регулација и внатрешен мир, програмата нуди флексибилна и поддржувачка практика, достапна 75 дена од купувањето.
Оваа програма по Yoga Nidra е длабок и нежен простор за одмор, ресетирање на нервниот систем и повторно продлабочување на внатрешниот мир.
Практиките се внимателно структурирани и се отклучуваат постепено, создавајќи стабилен ритам кој те поддржува во развивање на редовна, одржлива и трансформативна практика во период од 75 дена и вкупно 18 часа.
По купувањето на програмата, часовите се отклучуваат редовно секој вторник и петок, односно два пати неделно.
- Во текот на 75 дена, се отклучуваат два нови снимени часа неделно
- Часовите се отклучуваат по купување на програмата
- Откако ќе се отклучи, секој час останува достапен за повторно практикување
- Можеш да се приклучиш во било кој момент – практиката те чека таму каде што си
- 18 онлајн снимени Yoga Nidra практики
- Водени сесии со јасна и сигурна структура
- Поддршка за длабока релаксација, намалување на стрес и подобар сон
- Простор за регенерација, свесност и внатрешна стабилност
- Практикување во сопствено темпо, од удобноста на својот дом
• Пристапот започнува веднаш по купувањето
• Програмата е активна и достапна 75 дена од датумот на купување
• Часовите се отклучуваат постепено во текот на целиот период од 75 дена
Програмата е погодна за сите нивоа, вклучувајќи и почетници.
Не е потребно претходно искуство со Yoga Nidra.
Потребна е само подготвеност за:
- свесно присуство
- следење на практика со водство
- создавање време за одмор и грижа за себе
Секогаш слушај го своето тело и практикувај во согласност со своите потреби и можност.
Водена длабока релаксација со трансформирачко искуство на која ѝ претходи активен дел со асани - физички техники и пранајама - техники за дишење.
Повеќе од само опуштање и повеќе од спиење, оваа техника е свесно ослободување од физичките, менталните и емотивните напнатости.
Сами одберете во која насока сакате да се подобрите и свесно всадете го семето на вашата позитивна намера во ова патување низ вашата потсвест.
САНКАЛПА
• Подготви си санкалпа - позитивна намера, нешто што сакаш да подобриш кај себе.
• Формулирај ја намерата во конкретна, кратка и јасна реченица која што ќе ја запаметиш.
• Убаво е да биде во сегашно време, како веќе да се случува, како афирмација, но може и во идно време.
• Намерата е позитивно формулирана.
(На пример, ако сакаш да престанеш да пушиш, не си велиш „Ќе престанам да пушам“, туку „Моите бели дробови се здрави, чисти“ и слично.
Ако сакаш да престанеш со конзумирање нездрава храна..., не си велиш „Не јадам благо“, туку „Се хранам здраво, со свежа храна.“, „Секоја моја клетка е здрава и добро нахранета“.)
• Најдобро е санкалпата да ја насочиш кон духовниот развој и да си посакаш во иднина да се движиш напред во своето себеспознание.
(Пример; „Секој ден правам позитивна промена за себе“, „Се доближувам до спознанието за себе“, „Му се радувам на животот.“ „Ги будам моите духовни можности“).
ПРЕПОРАКИ
• Откако ќе одредиш една санкалпа насочи се на неа подолго време додека не се реализира, па потоа одреди си нова.
• Одбери мирен дел од денот кога нема ништо да те прекинува, најдобро е да се прави приквечер, но може и било кога има услови. Само внимавај да не е доцна навечер за да не заспиеш.
• Пожелно е просторијата да биде затемнета, удобно затоплена.
• Може да се покриеш со некое лесно ќебе зашто телото при долго лежење природно се лади и може да ти застуди. Ако имаш потреба користи перница за под глава. Лежењето треба да е удобно зашто самата техника трае подолго околу 40тина минути.
Отклучи ја целата програма
Добиј пристап до сите часови, видеа и материјали и практикувај во свое темпо.