Јога за средно ниво II

- 30 Дневна Програма

Јога за средно ниво II e 30 дневна онлајн програма која те воведува подлабоко во практиката, надоврзувајќи се на почетните програми. Те води до поголема поврзаност со здивот и умот, низ свесни движења, дишења и освестувања на ментални содржини.

Со постепено отклучување на часовите, добиваш време да ги интегрираш движењата, здивот и присуството — без брзање, без притисок.

Оваа месечна онлајн јога практика е простор за движење, свесност и враќање кон себе. Часовите се отклучуваат постепено, создавајќи природен ритам кој те поддржува во градење на редовна и одржлива практика.

По купувањето на програмата, часовите се отклучуваат редовно секој понеделник и среда, односно два пати неделно.

  • Секоја недела се отклучуваат два нови часа, на однапред одредени датуми, во период од 30 дена.
  • Откако ќе се отклучи, часот останува достапен за понатамошна практика, до истекот на програмата.
  • Можеш да се приклучиш во било кој момент во текот на месецот — практиката те чека.
  • 8 онлајн јога часови месечно
  • Водени практики со јасна структура
  • Делови на крај на часот за разбирање на делувањето на јогата
  • Простор за сила, флексибилност и смирување
  • Вежбање во сопствено темпо, од дома
  • Варијанти и прилагодувања за одредени здравствени промени
  • Пристапот започнува веднаш по купувањето
  • Новите часови се отклучуваат постепено, а програмата се купува на месечно ниво.
  • Програмата е достапна 30 дена од датумот на купување

Програмата е наменета за лица со искуство во почетните програми за јога кои сакаат да ја продлабочат и унапредат својата практика.

Потребно е:

• редовност во практиката
• познавање на основните асани
• свесност и контрола на сопственото тело
• подготвеност за физички и ментални предизвици
• почитување на личните граници и потреби

Практиката бара фокус, дисциплина и одговорен пристап. Секогаш слушај го своето тело, следи ги инструкциите и прилагодувај ја практиката според своите моментални можности.

🔒
🔒
🔒
🔒
🔒
🔒
🔒
🔒

Отклучи ја целата програма

Добиј пристап до сите часови, видеа и материјали и практикувај во свое темпо.

Купи Програма